Концерт Euphoria1

31 март, 2016

Енрике, Дејвид Гета и „Продиџи“ во Скопје?

Светски популарниот латино заводник Енрике Иглесијас, најголемиот хит-мејкер Дејвид Гета и легендарните „Продиџи“ летово ќе одржат концерти во Скопје, во организација на „Авалон продукција“, објави МИА. Продукцијата, која веќе најави неколку спектакли за годинава, меѓу кои концертите на Џон Њуман, Ал Ди Меола и Жељко Бебек во Македонија, како и „Симпли ред“ и „Пласибо“ во Белград и Загреб, сè уште не излегла со официјални информации, а како што пренесе МММ.com.mk, „Авалон“ не сакале да ја потрдат веста, но не ја ни демантирале. Само рекле: „Одиме понатаму!“.

Во рамките на својата светска турнеја „Sex+Love“, Иглесијас во регионов ќе настапи од 8-14 мај во Загреб, Белград, Букурешт и Софија, па се надеваме дека наскоро ќе биде потврден концерт и кај нас. Дејвид Гета, пак, до крајот на мај ќе настапува во САД, а меѓу досега закажаните настапи во Европа се само Шпанија и Германија. Слична е ситуацијата и со „Продиџи“, кои засега немаат ниту еден потврден настап во регионов.

Дали и кога овие ѕвезди ќе одржат концерти кај нас, останува да почекаме одговор од „Авалон“.

 



Врати се горе ↑