Свет Annie-Lennox

13 август, 2014

Ени Ленокс најави албум со преработки насловен „Nostalgia“

Познатата шкотска музичарка Ени Ленокс го најави својот шести студиски албум на кој ќе се најдат преработки на нејзините омилени песни од младоста. 59-годишната пејачка вчера одржа прес-конференција во Лос Анџелес, С.А.Д., каде што ја претстави и обвивката на изданието насловено едноставно „Nostalgia“, пренесуваат американските медиуми.

Новото издание кое ќе содржи преработки на евергрини како што се „Summertime“, „I Put A Spell On You“ и „Georgia On My Mind“ и кое доаѓа по четири години откако поранешната членка на легендарните Јуритмикс во 2010 година го претстави својот последен студиски албум „А Christmas Cornucopia“, ќе биде објавено до крајот на годинава.

 



Врати се горе ↑