16 мај, 2013

„Енергија“ – нова песна и видео запис за Даз Флоу

Хип-хоп артистот Даз Флоу внесува нова „Енергија“ на македонската музичка хип хоп сцена. Музиката и аранжманот за песната, која доаѓа заедно со видео запис, е дело на Михајло Павловски  (Iwass), додека пак текстот го напиша токму Даз Флоу. Видео записот го изработи Роберт Мишовски, а во него се појавува и младата Мила Ниновска во улога на балерина. За фотографиите се погрижи Златко Димитров од „Studio 2.8“.

Ова е прва песна на Дарко Ивановски а.к.а Даз Флоу после неговиот прв албум  „Кругот се врти” од 2010 година и синглот „Разбуди се“ кој го направи во соработка со познатиот саксофонист Горан Папаз од Суперхикс во 2011та година. Со „Енергија“, Даз Флоу го најавува енергичното и активно лето како и уште доста нови проекти и песни на коишто моментно работи и кои јавноста ќе може да си слушне во текот на оваа година.



Врати се горе ↑