Видео

8 јули, 2019

Енергично видео за рок-соработката на Ед Ширан, Бруно Марс и Крис Стејплтон

Кога Ед Ширан го објави списокот со соработници за претстојниот албум „No 6. Collaborations Project“, никој не очекуваше дека темата „BLOW“ со Бруно Марс и Крис Стејплтон ќе биде во сосема поинаков стил од она што сме навикнале да слушаме од овие поп, ар-ен-би и кантри-музичари. Со енергичен рок-звук, уште при првото слушање претпоставивме дека „BLOW“ ќе звучи уште подобро со изведба во живо на сцена, а се чини дека музичарите тоа го имале на ум и кога размислувале за екранизацијата.

Штотуку објавеното видео е токму такво – со жестока концертна атмосфера и полудена публика, но наместо самите музичари, на сцена свират нивните „женски верзии“. „Едвина, Бруна и Кристина“ одлично се снашле во своите улоги, а додека очекуваме пригода самите музичари да „збеснат“ на сцена со оваа песна, видеото за „BLOW“ погледнете го во продолжение.

 

Само за потсетување, новиот албум со соработки на Ширан ќе пристигне на 12 јули, па окрај досега објавените синглови, ќе ги слушнеме и соработките со Карди Би, Камила Кабејо, Еминем, Фифти Сент и многу други.



Врати се горе ↑