Аудио nerd

29 декември, 2014

„Ен-и-ар-ди“ повторно се соедини за песната „Squeeze Me“

Бендот „Ен-и-ар-ди“ (N.E.R.D.), кој го сочинуваат Фарел Вилијамс, Чед Хјуго и Шеј Хејли, повторно се соедини и тоа на саундтракот за анимираниот филм за сунѓерот Боб, за кој ја објави песната „Squeeze Me“. Групата која е позната по хитовите „Rock Star“, „Lapdance“, „She Wants To Move“ и „Hot N Fun“, својот последен албум насловен „Nothing“ го објави во 2010 година.

Филмот за познатиот анимиран лик, кој го носи насловот „The Spongebob Movie: Sponge Out Of Water“, ќе биде премиерно прикажан во февруари следната година, а како звучи темата „Squeeze Me“ можете да слушнете во продолжение.

Извор: Билборд



Врати се горе ↑