Видео anne_hathaway_jimmy_fallon

10 април, 2014

Ен Хетавеј пее рап хитови

Популарниот американски комичар и водител на „The Tonight Show“, Џими Фелон во повеќе пригоди докажал дека добро се снаоѓа и во музичките води, па со своите гости често прави интересни музички точки (на „Историја на рап музиката со Џастин Тимберлејк“ можете да се потсетите овде). Очигледно водителот е голем љубител на рап музиката, па со неговата последната гостинка, оскаровката Ен Хетавеј, Фелон направи интересен скеч во кој актерката изведува неколку рап хитови, но со поинаков аранжман, во кабаре стил.

Сите кои го гледале филмот „Клетници“ знаат дека покрај одличната глума, актерката умее и убаво да пее, а како звучат хитовите „In Da Club“ од Фифти Сент, „Gin and Juice“ од Снуп Дог и „Bitch Don’t Kill My Vibe“ од Кендрик Ламар во изведба на Ен Хетавеј можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑