22 август, 2014

Емотивен видео запис за „Увик исти“ од Петар Грашо

Големиот летeн хит на хрватската ѕвезда Петар Грашо, темата „Увик исти“ доби свое видео издание. Грашо ја претстави песната на овогодинешниот Сплитски фестивал и ја освои првата награда по оценката на стручното жири, како и наградата на новинарското жири. Емотивниот видео запис на популарниот пејач го покажува крајот на животот на еден човек кој останал верен на семејството, себе си и своите навики. Сè што остава зад себе е шише вино и многу спомени.

Сцената во која се глуми самиот себе како постар, Грашо ја снимал на истиот кревет каде што лежел неговиот починат дедо и вели дека целото снимање на видеото за него било многу емотивно. Видеото во режија на Војан Кочевиќ и продукција на Пилот студио, се снимало во станот на баба му и дедо му на Грашо и траело повеќе од 15 часа. За шминката е се погрижи Долорес Жанко.



Врати се горе ↑