Свет mmlp2 (1)

28 октомври, 2013

Еминем за новиот албум: „Носталгија е во прашање“

Како што е познато, осмиот студиски албум „The Marshall Mathers LP 2“ на Еминем ќе пристигне на 5-ти следниот месец, а како што вели и самиот наслов, ова издание е втор дел од познатиот албум објавен во 2000 година. Во интервју за магазинот Ролинг Стоун, за новото издание раперот изјавил: „Знам што направив кога го ставив насловот „MMLP 2“ и какви очекувања може да предизвика тоа. Никогаш не би го направил тоа туку-така, морав претходно да се уверам дека имам добри песни. А тоа не е лесно; самошто ќе си помислиш дека сè се вклопува, па преслушуваш сè и сфаќаш дека сепак е потребно уште нешто што би ја раскажало приказната која ја сакаш.“

Раперот појаснува дека не станува збор за буквално продолжение на неговото познато издание: „Тука нема да има продолжение на секоја од старите песни или нешто слично. За мене, овде станува збор за атмосферата, се работи за едно чувство на носталгија.“

Меѓу другото, на новото издание ќе гостуваат колегите Кендрик Ламар, Ријана и Нејт Руес (фан.), а до сега беа претставени песните „Berzerk“,  „Survival“ и „Rap God“. На штотуку објавениот список со песни од албумот, откриени се и нумерите кои ќе се најдат на луксузното издание, а како гости се појавуваат Сиа и британскиот блуз пејач Џејми Ен Комонс. Еминем ќе настапи на претстојните први музички награди на ЈуТјуб, кои ќе се одржат на 3-ти ноември, a раперот е номиниран во категоријата Најдобар артист. Комплетниот список на песни од стандардното и лукзусното издание на „MMLP2“ можете да го погледнете во продолжение.

Стандардно издание:

  • Bad Guy
  • Parking Lot (skit)
  • Rhyme Or Reason
  • So Much Better
  • Survival
  • Legacy
  • Asshole (feat. Skylar Grey)
  • Berzerk
  • Rap God
  • Brainless’
  • Stronger Than I Was
  • Monster (feat. Rihanna)
  • So Far…
  • Love Game (feat. Kendrick Lamar)
  • Headlights (feat. Nate Ruess)
  • Evil Twin

Луксузно идание – бонус песни:

  • Baby
  • Desperation (feat. Jamie N Commons)
  • Groundhog Day
  • Beautiful Pain (feat. Sia)
  • Wicked Way

Извор: NME.com



Врати се горе ↑