Свет eminem-2013-wallpaper

10 ноември, 2013

Еминем со нов рекорд на билбордовата Hot 100 листа

Еминем неделава одбележа уште неколку достигнувања на билбордовата листа, веднаш по објавувањето на неговиот осми студиски албум „MMLP2“. Не само што за прв пат ја освои највисоката позиција на Hot R&B/Hip-Hop листата, туку стана и првиот изведувач од 1964 година и легендарните Битлси, кој успеа во истиот момент да има барем 4 сигнла меѓу најдобрите 20 на Hot 100 листата како главен изведувач.

Додека на врвот на оваа листа и понатаму стои хитот „Royals“ на 17-годишната Лорд, дуетот „The Monster“ на Еминем и Ријана се наоѓа на третото место, а „Berzerk“, „Survival“ и „Rap God“ се наоѓаат на позициите 15, 16 и 17 на оваа листа. Токму синглот „The Monster“ му помогна на Еминем конечно да го достигне врвот на Hot R&B/Hip-Hop листата, место за кое е едноставно неверојатно што не успеал да го освои порано, земајќи предвид дека имал неколку први позиции на Hot 100 листата и порано во текот на неговата кариера, меѓу кои се и „Loose Yourself“ и „Love The Way You Lie“, во кој гостува Ријана.

Сепак, во април 1964 година, Битлси имаа дури шест песни во најдобрите 20 и тоа две недели со ред, а само неколку уметници после нив успеале да се најдат во оваа позиција. Меѓу нив се Фифти Сент (2005), Ти-Пејн (2007-2008), Лил Вејн (2008) и Лудакрис (2010), но на некои од песните се појавувале како гости, а не како главни изведувачи.

Уште еден новитет поврзан со „Богот на рап музиката“ е и специјалната награда „Глобална Икона“, која ќе му биде доделена на вечерашните доделувања на Европските Музички Награди на MTV: „Тој го претставува Детроит, но неговата музика им зборува на фановите ширум светот. Затоа MTV ќе му оддаде чест на Еминем со наградата Глобална икона! …Раперот е еден од најпродаваните артисти во светот со преку 80 милиони продадени примероци ширум светот. Тој добил повеќе MTV EMA награди од кој било друг артист, односно 12 награди во текот на годините. А сега ќе добие и специјално признание за тоа што е еден од најкреативните и пионерски уметници на нашето време.“ – пишува на официјалната веб страна на MTV EMA. 

 



Врати се горе ↑