Свет eminem

30 октомври, 2012

Еминем со нов албум следната година

Познатиот рапер Еминем го најави новиот албум за слената година, а тоа го направи на необичен начин, со помош на сувенир – капа за бејзбол која се продава на неговата веб страница. Капата се продава под името Eminem Baseball Tribute Champ Hat, а е опишана како „предмет со кој се оддава чест на големите утакмици и враќањето на домашниот тим во Д.“. На капата се објавени годините на важните албуми на раперот: 1996, 1999, 2000, 2002, 2004, 2009, 2010 – и 2013.

Насловот на албумот, како и конкретниот датум на неговото издавање за сега се непознати. Капата се продава по цена од 30 долари, а дел од приходот е наменет за фондацијата „Маршал Метерс“ која ја има основано самиот Еминем.

Во септември, раперот го претстави дуетот со Пинк, песната „Here Comes The Weekend“ која е објацена на нејзиниот нов албум „The Truth About Love“, а пред тоа Еминем се посвети на работата на албумот на хип хоп „супергрупата“ Слотерхаус (Slaughterhouse) во која членуваат Crooked IJoe Budden, Joell Ortiz и стариот соработник на Еминем, Royce da 5’9″.

 



Врати се горе ↑