Аудио 10385506_10152425650660079_5211820237504526064_n

11 ноември, 2014

Еминем се закани дека ќе ѝ удри тупаница на Лана Дел Реј

Познато е дека Еминем никогаш немал филтер за неговите рими, во кои споменува многу познати личности, најчесто во негативна конотација. Во новото фристајл видео, раперот овој пат се закани дека ќе ѝ удри тупаница на Лана Дел Реј, спомнувајќи го и скандалот со Реј Рајс, кој ја потресе американската јавност порано годинава. Во снимката која трае дваесетина минути, раперот, кој годинава влезе во Гинисовата книга на рекорди, ги здружи силите со колегите Слотерхаус и Јелавулф. Целосното видео, за жал, не е достапно, но делот на Еминем можете да го погледнете во продолжение.

По минатогодишното издание „MMLP2“, на 24 ноември годинава Слим Шејди ќе го претстави двојното компилациско издание „Shady XV“. Првиот диск ќе содржи нов материјал, кој ќе го вклучува и дуетот со Сиа (Guts Over Fear), а на вториот ќе се најдат најголемите хитови на Еминем и колегите од неговата етикета „Шејди рекордс“, меѓу кои и неговата „Lose Yourself“, „In Da Club“ на Фифти Сент и други.

Денеска беше претставена и темата „Detroit VS Everybody“, во која учествуваат и Биг Шон, Дени Браун, Трик Трик, Деџ Лоуф и Ројс Да 5’9’’.

 



Врати се горе ↑