Свет

11 јануари, 2019

Еминем продал најмногу албуми во 2018

Уште кон крајот на минатата и самиот почеток на оваа година започнаа да се објавуваат листи со најпродаваните изданија за 2018, но според најновите статистики, на светско ниво најмногу албуми продал американскиот рапер Еминем. Тој во август минатата година ги изненади своите обожаватели со новиот албум „Kamikaze“, кој веќе во октомври оствари платинест тираж со продадени над милион примероци, но тие не беа пресудни за достигнувањето на овој успех.

Имено, според годишниот извештај на „Баз-енгл мјузик“ (BuzzAngle Music), Слим Шејди е всушност најпродаваниот уметник за 2018, чии изданија се продале во 755.027 примероци, меѓу кои најмногу доминираат двата албума „Marshal Mathers“.

Веднаш зад Еминем, на второто место се најдоа корејските поп-икони „Би-ти-ес“ (BTS), кои продале 603.307 примероци од своите изданија, а на третото место е американскиот кантри-музичар Крис Стејплтон со 577.287 продадени примероци. Четврта е легендарната „Металика“ со 539.861 продаден примерок, а меѓу десетте најпродавани уметници за 2018 година се најдоа и „Битлси“, „Квин“ и Џастин Тимберлејк.

Во меѓувреме, Еминем се издвои и како уметник чии песни се најдобри за вежбање, а на листата објавена од сервисот „Спотифај“ на првото и второто место се наоѓаа токму неговите „Till I Collapse“ и „Lose Yourself“.

Извор: NME



Врати се горе ↑