Свет Eminem-Album

6 април, 2013

Еминем подготвува „нешто големо“ НАСКОРО!

Според фотографијата објавена на фејсбук од Шејди Рекордс, на која пишува „Нешто големо доаѓа“, веројатно наскоро конечно ќе слушнеме нешто ново од најуспешниот бел рапер во светот – Еминем! Иако тој нема изјавено ништо во врска со новото издание, неодамна Дре изјави дека материјалот е при крај: „Ем привршува со проектот“ – изјави тој.

Последниот албум кој го издаде Еминем беше успешниот „Recovery“ од 2010 година, а новиот неименуван албум ќе излезе некаде по празникот Memorial Day, а веќе се потврдени и неколку дати за европската турнеја во месец август. Во продолжение да се потсетиме на големиот хит „Love The Way You Lie“, во кој гостуваше Ријана.

Извор: PopCrush

 



Врати се горе ↑