Свет eminem-rihanna

23 февруари, 2014

Еминем најави заедничка турнеја со Ријана

Тандемот кој стои позади хитовите „Love The Way You Lie“ и актуелниот „The Monster“, Еминем и Ријана летово ќе имаат заедничка мини турнеја насловена The Monster Tour во чии рамки ќе одржат три концерти. Точните датуми сè уште не се потврдени, но познато е дека во текот на август ќе настапат во Њујорк, Лос Анџелес и родниот град на раперот – Детроит.

Познатиот рапер во моментов одржува концерти со колегите Кендрик Ламар и Џеј Кол во рамките на неговата светска турнеја „Rapture“, додека Ријана ја заврши нејзината „Diamonds World Tour“ минатата есен. Интересно е тоа што актуелната соработка на познатите музичари била финализирана преку електронска пошта, со оглед на тоа што и двајцата имаат доста набиени распореди.

 



Врати се горе ↑