Аудио

15 декември, 2017

Еминем ја објави соработката со Ед Ширан

Најавен со соработката со Бијонсе за „Walk On Water“, денеска беше објавен новиот албум на Еминем, „Revival“, а по тој повод раперот објави уште една импресивна соработка, овој пат со британскиот колега Ед Ширан. Станува збор за песната насловена „River“, која за разлика од претходниот сингл, има доста поголем потенцијал да биде вртена по радијата ширум светот, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Освен со Бијонсе и со Ширан, меѓу 19-те песни од албумот се најдоа и соработки со Алиша Киз, Пинк, Скајлар Греј, Кејлани и други. Особено внимание привлече „Like Home“ со Алиша Киз, во која Еминем повторно удри по претседателот Трамп, па се надеваме дека ќе имаме можност да ја слушнеме наскоро, а дотогаш слушнете ја и „Untouchable“. Уживајте!

 



Врати се горе ↑