Настани eminem-rihanna

9 април, 2014

Еминем и Ријана ќе настапат на Филмските награди на MTV

Меѓу бројните наградни манифестации кои ги организира музичкиот канал MTV се сместени и доделувањата на филмските награди MTV Movie Awards, а овогодишниот спектакл ќе се одржи во недела вечер (13 април) во театарот Нокиа во Лос Анџелес. Меѓу музичките гости кои ќе имаат свој настап годинава се и британската музичарка Ели Гоулдинг и Зед кои ќе изведат песни од филмот „Divergent“ („Beating Heart“), а најновите имиња кое беа објавени вчера се мегаѕвездите Еминем и Ријана. Сопствениците на едни од најуспешните дуети во изминатите години ќе настапат со нивниот актуелен хит „The Monster“ кој се најде на минатогодишниот албум на Еминем, „The Marshal Mathers LP 2“. Минатата недела беше претставена и снимка „позади сцената“ во кој се објаснуваат разни моменти од видео записот.

 

Раперот од Детроит за последен пат настапи на оваа манифестација во 2009 година кога изведе микс од своите песни „We Made You/Crack a Bottle“, додека две години пред тоа Ријана настапи со еден од нејзините најголеми хитови, песната „Umbrella“ заедно со Џеј Зи.

Успешно лансирајќи нови уметници на музичката сцена, MTV Movie Awards за прв пат го додава и сегментот „Музичко откритие“ во чии рамки ќе го претстави бендот Твенти Уан Пајлотс (twenty one pilots), кој ќе настапи со својот актуелен сингл „Car Radio“.

 

 

Домаќин на церемонијата е комичарот и водител Конан О’Браен, а овогодишните филмски награди на MTV уште еднаш официјално ќе ја „отворaт“ летната блокбастер сезона, ветувајќи експлозивен и незаборавен спектакл кој ќе Ви ги претстави најновите омилени филмови, актери и музичари. Актерот и продуцент кој е номиниран за наградата Оскар, Марк Волберг ќе ја добие наградата MTV Generation Award, а фановите имаат можност да гласаат за своите фаворити на MovieAwards.MTV.com сè до сабота, 12 април, и тоа во категориите кои не постојат на ниту едно друго доделување на награди, а тоа се Најдобар комичар, Најдобар негативец, Најдобар бакнеж, Најпос*ани од страв, Најдобар музички момент, #WTF момент, Најдобра двојка на филм, Најдобра тепачка, Најдобар настап без маичка и други.

2014 MTV Movie Awards ќе бидат пренесувани во живо ноќта помеѓу недела и понеделник, 13/14 април, а преносот ќе започне од 2.30 часот по полноќ.

 



Врати се горе ↑