Свет

5 јануари, 2019

Еминем и Канје Вест ги имаат најдобрите песни за вежбање

Еминем и Канје Вест се најдоа на списокот со уметници што создале некои од најдобрите песни за вежбање, според неодамна објавена статистика на сервисот „Спотифај“. Резултатите стигнаа навреме со почетокот на новата година, кога по завршувањето на празниците расте и бројот на зачленувања во фитнес-салите.

Имено, веќе трета година со ред, како најдобра песна за вежбање се издвои „’Till I Collapse“ на Еминем, а веднаш зад неа е и со Оскар наградениот хит Lose Yourself од саундтракот за филмот „Осмата милја“. Третото и четвртото место ги зазедоа „Stronger“ и „Power“ на Канје Вест, додека петтата омилена песна за вежбање ја имаат Меклмор и Рајан Луис – „Can’t Hold Us“.

 

 

Сепак, оваа листа се однесува повеќе на корисници на возраст меѓу 13 и 35 години, додека оние меѓу 36 и 55 години преферираат потрадиционални песни за вежбање, како што е култната „Eye of the Tiger“ на „Срвајвр“, која беше вклучена во филмот „Роки 3“ (1982).

Меѓу најдобрите песни за вежбање, особено за жените, се најде мегахитот „Uptown Funk“ на Марк Ронсон и Бруно Марс, а тука е и деби-синглот на Меган Трејнор – „All About That Bass“, со кој пејачката ги охрабрува девојките да ги сакаат своите облини.

Целиот инфографик на Спотифај погледнете го во продолжение.



Врати се горе ↑