15 февруари, 2018

Еминем и Ед Ширан ја екранизираа својата „Река“

Популарниот американски рапер Еминем го објави видеото за темата „River“, која е трет сингл од актуелниот албум „Revival“ и за која ги здружи силите со британскиот колега Ед Ширан. Иако премиерата се случи на 14 февруари, за голем дел од светот познат како Денот на вљубените, видеото (а и самата песна) се осврнува на оние малку помрачни страни на љубовта, како што се недовербата, загубата, дури и насилството.

Имено, Еминем е во романтична (или, во неговите очи, сексуална) врска со жена која има мрачно минато со друг маж. Таа страда од злоупотреба и се обидува да најде утеха во Еминем, само за да заврши со скршено срце кога тој ќе дознае дека е бремена и ќе одбие да има каква било врска со детето… Во приказната се вметнати и сцени од интервјуа со раперот, кој на крајот од видеото вели дека „оваа песна е како товар од кој одамна сакал да се ослободи“.

Иако не било во план песната да биде издадена како сингл, уште од објавувањето на албумот им стана омилена на неговите обожаватели. Многумина од нив ја купувале само таа песна наместо целото издание, а на музичките платформи досега бележи над 200 милиони преслушувања за само два месеца. „River“ воедно го има и најдобриот пласман на топ-листите од останатите песни на „Revival“, најдминувајќи го дури и најавниот сингл „Walk On Water“, на кој гостува Бијонсе.



Врати се горе ↑