Свет eminem-big-sean

29 април, 2013

Еминем и Биг Шон заедно во студио

Еминем и колегата Биг Шон (Big Sean) се фотографирани заедно во студио. Да се потсетиме, Д-р Дре неодамна изјави дека новиот албум на Еминем е при крај, па осмото студиско издание од најуспешниот бел рапер можеме да го очекуваме во текот на годината. Исто така, пред извезно време од етикетата Шејди Рекордс бешеoбјавена фотографија со која најавуваа „нешто големо наскоро“.

Фотографијата од двата рапери ја објавил Биг Шон на својот Твитер профил, кој и порано изјавил дека многу го цени Маршал Метерс, а под фотографијата напишал: „Ова беше историски ден“.

 

Извор: NME/Фото: Instagram

 



Врати се горе ↑