28 ноември, 2013

Еминем го претстави видео записот за „Rap God“

Можеби една од најинтересните и најмоќни песни кои се најдоа на осмиот студиски албум „MMLP2“ на Еминем е темата „Rap God“. Таа е и една од песните кои привлекоа најголемо внимание, а веројатно таков ќе биде и случајот со неговото видео издание. Согласно самите стихови на песната, така и визуелно е прикажана сета симбиоза на најголемите и најпознати рап имиња во историјата како се „инсталира“ во главата на носталгичниот рапер, достигнувајќи ја својата кулминација во моментот кога „стиховите доаѓаат со суперсонична брзина“. Ретро и „Матрикс“ стил, технологија, видео игри и по малку религија… сето тоа споено во шест минутниот видео запис режиран од Рич Ли можете да го видите горе.



Врати се горе ↑