10 септември, 2013

Еминем го претстави видео записот за „Berzerk“

Во текот на гостувањето во емисијата Saturday Night Football на спорскиот канал ESPN, на прашањето што најмногу го возбудува во врска со новиот албум, Еминем едноставно одговорил: „Ништо“. Но, потоа сепак додал: „Ќе бидам возбуден кога ќе завршам со него. Насловен е „Marshall Mathers LP 2“ и на некој начин потсетува на мојот прв албум со тоа име. И тоа е сè што можам да Ви кажам на таа тема.“

„MMLP2“ кој е осми студиски албум за раперот, ќе биде објавен на 4-ти ноември, а како соработници се потпишуваат Рик Рубин, NO ID и Д-р Дре. Токму во оваа емисија беше премиерно прикажан видео записот за неговиот нов сингл „Berzerk“, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑