12 октомври, 2017

Еминем го критикува Трамп облечен во македонски дуксер

Американскиот рапер Еминем сними политичко видео во кое го критикува американскиот претседател Доналд Трамп. Но еден детал во спотот, во кој Еминем рапува опкружен со група рапери од Бафало и од Атланта, предизвика реакции на социјалните мрежи.

Раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј во видеото се појавуваат облечени во дуксери со натпис „Семоќниот“ на македонски јазик, кои Вестсајд Ган ги продава преку неговата компанија „Гризелда рекордс“.

Во дел на спотот на Еминем се гледа како раперите стојат со дуксери испишани на македонски јазик, а компанијата на Еминем, „Шејди рекордс“, објави и фотографија од снимањето, на која Еминем стои до раперите со натписот „Семоќниот“.

eminem semokjniot

Претпоставуваме дека симболиката на македонскиот јазик овде се однесува на скандалот што изби околу изборите поврзан со лажните веб-страни создадени во Велес, за кои дел од американските медиуми, вкучувајќи ја и тогашната претседателската кандидатка Хилари Клинтон, сметаа дека се едни oд главните виновници за победата на Трамп.



Врати се горе ↑