Аудио

1 септември, 2018

Еминем ги изненади обожавателите со нов албум

За ѕвезда со статус како Еминем навистина не е потребна промотивна кампања, па популарниот рапер без никаква најава објави нов албум насловен „Kamikaze“, а стиховите на сите песни веднаш ја разбрануваа јавноста заради критиките упатени кон бројни колеги и јавни личности.

Ова јубилејно, 10. по ред издание во кариерата на озлогласениот Слим Шејди доаѓа неполна година по албумот „Revival“, на кој гостуваа имиња како што се Бијонсе и Ед Ширан, а воедно е и прв албум комплетно продуциран од самиот Еминем. Главниот соработник е, секако, колегата Д-р Дре, а тука се и Мајкл Вил Мејд Ит, Ила да продусер, Рони Џој, Кубитз, Бекпек, Бои-уанда и други, додека на неколку песни гостуваат Џојнер Лукас, Ројс да 5-9 и Џеси Рејез.

A painting of the rear end of a jet with graffiti about Eminem on it. It is very similar to the artwork of the debut album of Beastie Boys, Licensed to Ill.

Како што пишуваат американските критичари, албумот е во олд-скул стил, навраќајќи се на почетоците на Слим Шејди, а акцентот е ставен на „неоригиналноста на актуелниот рап“. Меѓу колегите и познати личности што ги критикува е и американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот заменик Мајк Пенс, Елен Деџенерис, Еди Марфи, Бил Гејтс, како и колегите Дрејк, Лил Јахти, Лоџик и многу други.

Сепак, како што сугерира и самиот наслов, раперот е подготвен да се искритикува и себеси, нагласувајќи дека „никој не е совршен“.

 



Врати се горе ↑