7 април, 2018

Еминем е „наместен“ за убиство?!

Вонредни вести за свирепо убиство, крвави сцени и одсечени делови од тело, за сето тоа виновен познатиот американски рапер Еминем! Вака некако оди приказната во неговото ново видео за песната „Framed“, која е најнов сингл од актуелниот албум „Revival“. Во режија на Џејмс Ларис, видеото го прикажува раперот во неговата куќа, опкружен со мртви тела, но само што ќе си помислиме дека штотуку извршил масакр, се доведува во прашање неговата ментална состојба. Дали сево ова е само во неговата глава? Одговорот дознајте го горе.

Инаку, сосема очекувано, изданието „Revival“ дебитираше на првото место на Билбордовата листа, што воедно е и седми албум што се искачил на врвот на оваа листа, но истото не може да се каже и за досегашните синглови од него. Имено, соработката со Бијонсе за „Walk On Water“ не стигна ни меѓу најдобрите 10, а Nowhere Fast“ (со Кејлани) воопшто не се ни најде на некоја топ-листа. Сепак, дуетот со Ед Ширан за темата River“ успеа да го скрши мразот и го освои врвот во Велика Британија, а се искачи и меѓу најдобрите 10 ширум светот. „Framed“ би требало да го продолжи тој тренд, а освен видеото, за тоа може да придонесе и настапот на популарниот американски фестивал „Коачела“, каде што Еминем ќе настапи меѓу 15 и 22 април.

#Repost @coachella

A post shared by Marshall Mathers (@eminem) on



Врати се горе ↑