Аудио eminem-rap-god

15 октомври, 2013

Еминем е „Бог на рапот“: Слушнете ја новата песна

Полека се наближува и датумот кога ќе биде објавен осмиот студиски албум на Еминем, а по сингловите „Berzerk“ и „Survival“, раперот синоќа претстави уште една нова песна од претстојното издание „MMLP2“, закажано за 5-ти ноември. Во темата насловена „Rap God“, Еминем вели „Зошто да бидеш крал, кога можеш да бидеш бог?“, а со своето рапување уште еднаш докажа зошто е меѓу најдобрите, ако не и најдобриот во овој стил на музика. Како звучи тоа слушнете во продолжение.

 

Деновиве беше објавена и фотографија од задната обвивка на албумот, кадешто можат да се видат насловите на 16-те песни од ова издание, како и имињата на колегите кои гостуваат на дел од нив, а тоа се Ријана, Скајлер Греј, Кендрик Ламар и Нејт Руес од групата Фан. 



Врати се горе ↑