Балкан emina

4 декември, 2012

Емина Јаховиќ најголема ѕвезда во Бугарија

Српската пејачка Емина Јаховиќ е број 1 на сите музички топ листи во Бугарија. Поп ѕвездата неодамна го издаде синглот на турски јазик „Kimse yok mu“, како и спрската верзија насловена „Да могу“, па кај нашиот источен сосед песната стана вистински хит. Иако истиот успех не го постигна и во Турција, како што се надевала таа, но на телевизијата Балканика во моментов е број 1. По тој повод, Емина решила да направи ударна промоција која ќе се базира на нивниот пазар. Веднаш направила сет од нови фотографии и на Твитер напишала: „Денес ќе биде интересен ден. Со стилистката одбираме луди парчиња гардерова за снимањето кое следува, а јас тоа навистина го сакам.“

Извор: poznati.info

 



Врати се горе ↑