Балкан emina-marija

5 јуни, 2013

Емина Јаховиќ и Марија Шерифовиќ судии во „The Voice“

Оваа есен на српската телевизија Пинк започнува светски популарното шоу „The Voice“, а меѓу четворицата музички судии се најдоа пејачките Емина Јаховиќ и Марија Шерифовиќ. Јаховиќ која со години живее во Истанбул, во иднина повеќе време ќе поминува во Србија, а една од причините за тоа е и промоцијата на нејзиниот нов албум, чија промоција се очекува наскоро, а ќе ги опфати сите простори на поранешна Југославија.

„Емина со задоволство прифати да биде жири во музичкото шоу и детално се договори за сè со Милица Митровиќ“ – изјавил за спрски Новости менаџерот на пејачката, Нинослав Продановиќ. „Ова ќе биде нејзино прво учество во жири на некој музички натрпевар. Во наредниот период ја очекуваат многубројни обврски, поради што ќе мора да го скрати семејниот одмор во Ѓоджек, каде што таа и нејзиниот сопруг Мустафа Сандал имаат куќа.“

Во текот на месец април, Емина го претстави нејзиниот сингл „Недостајеш“, а Марија Шерифовиќ по подолга пауза неодамна реши да се „исповеда“:

„Здраво другари. Наскоро ќе поминат десет години откако станав Марија Шерифовиќ. По тој повод решив да објавам документарен филм, книга и секако тоа што сите долго го чекавте – нови песни, нов албум… Целокупниот проект го носи насловот „Исповед“ и мислам дека е време тоа што сум го запишувала и чувала во мојата работна меморија да го знаете сите, да Ви одговорам на сите прашања и повеќе да не постои ништо нејасно во која било смисла, а е поврзано со ликот и делото на Марија Шеривовиќ“ – вели пејачката во видеото кое го објави пред извесно време.

„Ќе биде потребно време и трпение бидејќи ова бара многу работа и квалитетни луѓе, но она што можам да го ветам е дека сето тоа ќе почне да се случува околу мојот роденден (14-ти ноември), а до тогаш уживајте, сакајте се и јас Ве сакам вас“ – заклучи пејачката.

Извор и фото: Novosti.rs



Врати се горе ↑