Балкан emina-jahovic-dzej-lo-koreograf-angazman-1353891112-233915

26 ноември, 2012

Емина Јаховиќ го ангажира кореографот на Џеј Ло

Српската пејачка Емина Јаховиќ која полека го освојува и турскиот пазар, неодамна го ангажирала кореографот на светската дива Џенифер Лопез, Хамза Хаимами. Пејачката деновиве вредно вежба и ги совладува чекорите со помош на кореографот Хаимами, кој покрај со Лопез, соработувал и со Ријана, Ашер, Мараја Кери, Кејти Пери и многу други светкси ѕвезди. Хамза специјално за Јаховиќ допатувал од Лос Анџелес во Истанбул, а првата кореографија која ја смислил за Емина ќе ја изведе веќе во декември.

Инаку, Емина деновиве има и уште една голема причина за славење, а тоа е нејзиниот хит сингл „Да могу“, кој го сними и на турски јазик со наслов „Kimse yok mu“, а веќе е голем хит во Турција и е број е ден на топ листите на бугарските телевизии, додека првиот тираж за синглот во Турција е распродаден за еден ден. Во продолжение погледнете го видео записот за турскиот хит.

Извор и фото: kurir-info.rs

 



Врати се горе ↑