25 јули, 2017

Емина Јаховиќ е сама „Против сите“

Емина Јаховиќ, која важи за една од најсексапилните дами на регионалната сцена, деновиве го објави видеото за својата најнова песна насловена „Против свих“, уште еднаш покажувајќи колку е згодна и зошто е на тронот.

19275278_10156418481309937_1798042832164640030_n

„За жал или за среќа, во мојата работа изгледот е мошне важен и потполно сум свесна за тоа. Музиката веќе не е само аудио, туку е и визуелна, и луѓето освен што сакаат да слушнат, сакаат и да видат. Но убавината може да биде меч со две острици затоа што умее да предизвика љубомора. Убавината е убава, но не е вечна и човек мора да е свесен за тоа. Важно е да се биде негуван и сметам дека тоа е обврска која ја имаме кон себе. Негуваната жена е секогаш убава, без разлика на годините“, вели Емина, признавајќи дека често во животот морала да се бори сама против сите, како и дека порано ја погодувале невистините што ги читала за себе, но сега вели дека го надминала тоа и воопшто не ја засега.

емина

„Првата ситуација во животот кога одев сама против сите е кога решив да се бавам со пеење. Во моето семејство сите беа лекари и им беше чудно, но со текот на времето сфатија дека тоа е вистинскиот избор за мене, дека таа работа ја работам со најмногу љубов и страст. Кога човек е храбар и ќе се реши за некој чекор, мора да верува во тоа и да застане зад својот избор. Некогаш ќе има поддршка, но некогаш ќе мора сам против сите“, заклучи таа.



Врати се горе ↑