12 август, 2017

Емина и Милица се освежија со „Лимонада“

Емина Јаховиќ и Милица Тодоровиќ конечно го претставија дуетот насловен „Лимонада“, кој публиката го очекуваше со нетрпение. Песната доби и високобуџетно видео, во кое пејачките изгледаат и звучат како светски поп ѕвезди.

Текстот и музиката за оваа, како и за остатокотот од песните на албумот „Понатаму“ на Емина Јаховиќ, ги напиша самата таа,  додека аранжманите ги работеше нашиот Дарко Димитров. Видеото е во продукција на „Ај-ди-џеј видеос“, а како изгледа и звучи „Лимонадата“ на Емина и Милица можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑