Македонија 10659023_10201908467672202_7905633988858201177_o

23 ноември, 2014

Емил наскоро со нова песна

Иако годинава го слушнавме само на „Макфест“, каде што настапи со баладата „Сите знаат“, Емил Арсов продолжува со подготовките на новиот материјал, а следното што ќе го слушнеме од него ќе биде потпишано од познатиот музичар, диџеј и продуцент Ерик Фокс. Песната, чиј наслов сè уште не е познат, се снима во студиото „Јованови“, а ќе биде премиерно пуштена во етерот на радио „Антена 5“.

„Снимање на нова песна во студиото на Јованов, една преубава песна од мојот драг пријател Ерик Фокс, која наскоро ќе ја слушнете на Антена 5“, напиша Арсов објавувајќи ја оваа фотографија на Фејсбук.

Додека ја очекуваме новата песна, да се потсетиме на макфестовската „Сите знаат“. Уживајте!

 



Врати се горе ↑