Македонија Emil Arsov

17 јули, 2013

Емил Арсов со нова песна и видео запис

„Утрото ќе каже“ е насловот на новиот летен хит на ексклузивецот на Мак Мјузик продукција, Емил Арсов. Музиката и текстот се на Јован Јованов, а видео записот кој се снимаше на повеќе локации во Охрид го режираше Даниел Јовески. Љубовната приказна се снимаше два дена, а покрај Емил во видео записот се појавува и моделот Климентина. Промоцијата е закажана за следната недела.

Емил напоредно работи и во Хрватска, каде што е актуелен со хитот „Ајвар“, кој го потпишуваат веќе докажаните Тончи Хуљиќ и Горан Бреговиќ. Арсов во моментов е на едномесечна турнеја низ Македонија со летниот караван на Винчини, каде ги полни батериите за претстојната есен кога ќе излезе неговиот прв албум. Исто така, во тек се и подготовките за неговото заминување на турнеја низ Кина и Русија заедно со бендот на Тончи Хуљиќ, Мадре Бадеша.



Врати се горе ↑