Македонија DSC_0024

17 декември, 2012

Емил Арсов наскоро со нов спот

Ексклузивецот на Mak Music продукција, Емил Арсов деновиве го снимаше спотот за песната „Главна Улога“ со која настапи на овогодинешното издание на Макфест. Спотот изобилува со секси сцени каде што покрај Емил се појавуваат и две манекенки од модното студио Моделс Ин, Катерина Стојановска и Александра Видоевиќ. Спотот се снимаше на неколку локации низ Скопје цели два дена. Видео записот кој го изработи Exit B продукција премиерно ќе биде прикажан следната недела.
Покрај снимањето на спотот, Емил активно работи на нови песни и го подготвува неговиот деби албум.


Врати се горе ↑