29 јуни, 2013

Емил Арсов ќе го освојува Балканот со „Ајвар“

Како што најави минатата година, Емил Арсов во изминатиот период соработуваше со хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ, а хитот насловен „Ајвар“ ќе ја доживее својата премиера во понеделник (1-ви јули). Песните на Хуљиќ и бендот Мадре Бадеша се карактеристични по тоа што се отпеани на стар сплитски дијалект, а Емил прилично добро се снашол во таа трансформација: „Се обидуваме да го прилагодиме, тој е Македонец, зборува македонски, па таков му е и нагласокот. Не е едноставна трансформацијата од Македонец во Далматинец и тоа никогаш нема да биде изведено до крај. Можеби тоа ќе им пречи на Далматинците, но на другите нема.“ – вели Хуљиќ.

Деновиве за „Ајварот“ се снимаше и урнебесен видео запис, а најтешката улога му припаднала токму на Арсов кој морал цел ден да се „расправа“ со магариња. Како се одвиваше снимањето можете да погледнете горе во прилогот од хрватската телевизија Нова.

 

 

 



Врати се горе ↑