Свет article_big_1361447003emeli_sande

21 февруари, 2013

Емели Санде триумфираше на Британските музички награди

Синоќа во Лондон се одржа доделувањето на БРИТ наградите на која се наградени најдобрите британски изведувачи. Минатата година триумфираше Адел, а годинава најмногу славеше Емели Санде. „Ова е навистина сон“ – изјавила пејачката и авторка кога ја прими наградата за Албум на годината за „Our Version of Events“. Што се однесува на изведувачите надвор од Велика Британија, наградени се Д Блек Кис, Лана Дел Реј и Френк Оушн. 

Во продолжение погледнете ја листата на овогодинешните добитници на Британските музички награди:

  • Најдобар британски изведувач: Бен Хауард
  • Најдобра британска изведувачка: Емели Санде
  • Најдобар нов изведувач: Бен Хауард
  • Најдобра британска група: Мамфорд енд Санс
  • Најдобар сингл : „Skyfall“ од Адел
  • Британски албум на годината: „Our Version of Events“ на Емели Санде 
  • Најдобар изведувач во живо: Колдплеј
  • Најдобар интернационален изведувач: Френк Оушн
  • Најдобра интернационална изведувачка: Лана Дел Реј
  • Најдобра група: Д Блек Кис
  • Избор на критичарите: Том Одел
  • Најдобар британски продуцент: Пол Епворт

Извор: Idolator/MTV



Врати се горе ↑