Видео

27 март, 2019

Емели Санде се враќа со „Sparrow“

Шкотската дива Емели Санде во полн сјај пристигна на музичката сцена во 2012 година, освојувајќи ја публиката ширум светот со химни како што се „Read All About It“, „Next To Me“ и „Clown“, а нејзиното првенче „Our Version Of Events“ (2012) постигна забележителен успех на топ-листите, продавајќи се во преку 2,3 милиони примероци само во Велика Британија. Секако дека ваков успех е тешко да се повтори, па вториот албум „Long Live The Angels“ (2016) не го доби заслуженото внимание, но се надеваме дека работите ќе се променат со претстојното, трето поглавје во нејзината кариера.

View this post on Instagram

#SPARROW 15.03.19 🕊

A post shared by Emeli Sandé (@emelisande) on

Имено, по кусото отсуство од музичката сцена, 32-годишната музичарка е подготвена повторно да ги допре срцата на своите слушатели со уште една емотивна балада, воедно и вовед во сè уште неименуваниот трет студиски албум што се очекува во текот на годинава. Станува збор за темата насловена „Sparrow“, моќна балада со госпел-влијанија и стихови кои Санде ги опиша дека се инспирирани од „заразната позитивност“ на нигерискиот музичар Фела Кути.

Сето тоа визуелно го дополни режисерката Сара МекКолган, а како изгледа и звучи „Врапчето“ на Емели Санде дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑