Свет emeli_sande

10 декември, 2013

Емели Санде го има наjпродаваниот албум за 2013 година во Велика Британија

Како што пренесува „Њу мјузикал ескпрес“ (New Musical Express), најпродаваниот албум на британскиот пазар оваа година го има шкотската дива Емели Санде. По освојувањето на врвовите на скоро сите топ листи и статусот најпродавано издание за 2012 година, нејзиниот албум „Our Version of Events“ со дополнителни 640.000 примероци продадени оваа година и потанаму е на водечката позиција, а вкупниот број на продадени примероци до сега ја достигна импресивната бројка од 2,3 милиони. Ова издание објавено во февруари минатата година го собори и рекордот на сите времиња кои пред повеќе децении го поставија легендарните „Битлси“ со албумот „Please, Please Me“ во категоријата „деби албум кој најдолго се задржал меѓу најдобрите 10“.

Со продажба од 456.000 примероци, второто место годинава е резервирано за осмиот студиски албум „To Be Loved“, кој канадскиот музичар Мајкл Бубле го објави во април годинава, а веднаш позади него се најде саундтракот од филмот „Клетници“, кој оствари продажба од 452.000 примероци. Како изгледа листата на 10-те најпродавани албуми на британскиот пазар за оваа година можете да видите во продолжение.

  1. ‘Our Version Of Events’ – Emeli Sandé
  2. ‘To Be Loved’ – Michael Bublé
  3. ‘Les Miserables’ – Motion Picture Cast Recording
  4. ‘Unorthodox Jukebox’ – Bruno Mars
  5. ‘Time’ – Rod Stewart
  6. ‘Jake Bugg’ – Jake Bugg
  7. ‘AM’ – Arctic Monkeys
  8. ‘Bad Blood’ – Bastille
  9. ‘Random Access Memories’ – Daft Punk
  10. ‘Babel’ – Mumford & Sons

Извор: NME.com



Врати се горе ↑