Видео

9 јули, 2018

Ема Јакимова одлично спои два хита на Кајго

Хитовите „Remind Me To Forget“ и „Firestone“ на норвешкиот диџеј и продуцент Кајго (Kygo) си добија „2 во 1“ преработка од една од најнадежните нови македонски ѕвезди, талентираната Ема Јакимова, која полека си го наоѓа своето сонце под македонското музичко небо. Аранжманот го направи Борче Кузмановски, а сето тоа визуелно го дополни Александар Пауновски. Снимено на Козјак, видеото воедно е и прво за Ема што се снимало на отворено.

Фотографија на Emma Jakimova.

Младата пејачка, која зад себе ги има и одличните преработки на „Havana“ од Камила Кабејо и „Naked“ од Џејмс Артур, како и соработката со Тод Хејс за „Set Me Free, е доста зафатена и со настапи со својот бенд (Emma and the Band), секој петок во „Центар бар“ во Скопје, како и низ повеќе градови ширум Македонија. Дел од атмосферата на нивните настапи можете да видите од кусите видеа на Инстаграм, а како звучи и изгледа оваа трета официјална преработка на Ема Јакимова дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑