Видео

28 април, 2018

Ема Јакимова ја препеа Дуа Липа покрај езеро

Гостувајќи во повеќе градови низ Македонија, младата пејачка Ема Јакимова ужива и во убавините на нашата земја, а сето тоа уште повеќе ја инспирира да запее. Илидичното струшко крајбрежје на Охридското езеро придонесе за прекрасната атмосфера за новата преработка на Ема, која овој пат одлучи да го отпее актуелниот хит на светски познатата колешка Дуа Липа, „IDGAF“.

Пред 2 недели, со овие прекрасни дечки, имавме настап во Струга. Освен што си поминавме преубаво, си снимивме и видео….

Gepostet von Emma Jakimova am Samstag, 28. April 2018

„Пред 2 недели, со овие прекрасни дечки, имавме настап во Струга. Освен што си поминавме преубаво, си снимивме и видео. Се надевам дека ќе ја почувствувате позитивната енергија која сакаме да ви ја пренесеме! P.S. Локацијата е Струга, а местото каде што е снимено видеово е многу посебно и магично за мене“, напиша 23-годишната пејачка, а со нејзината изведба на „IDGAF“ во придружба на гитаристите Филип Пулески и Марко Лазороски можете да уживате во продолжение.

 

За сите новости и настапи на Ема можете да се информирате на нејзината фан-страница на Фејсбук.



Врати се горе ↑