Видео

16 февруари, 2018

Ема Јакимова го препеа Џејмс Артур

Ако за нешто може да се рече дека е одлика на најпознатите музички ѕвезди, тоа секако е спефицичната боја на гласот, која ги прави препознатливи и поразлични од останатите. Токму таков е случајот и со Ема Јакимова, за која веруваме дека допрва ќе се слуша и зборува.

23-годишната скопјанка, која по професија е машинска инженерка, деновиве ја објави својата преработка на хитот „Naked“ од британската ѕвезда Џејмс Артур. За оваа одлична изведба што ќе сакате да ја преслушате барем уште 2-3 пати, на младата пејачка ѝ помогна Бобан Апостолов, кој ја придружува на пијано, а видеото снимено во „Гастротека сиеста“ е дело на „ПС вижуал арт“.

Ова е втора официјална преработка на Јакимова, наследувајќи ја минатогодишната за мегахитот на Камила Кабејо – „Havana“, а нејзиниот раскошен вокал го слушнавме и во соработките со Тод Хејз за темата „Set Me Free“ и со Деловски за преработката на „Ciao Adios“ од Ен-Мари. Со нејзината изведба на прекрасната балада од Џејмс Артур можете да уживате во продолжение!

И.Ј.



Врати се горе ↑