Аудио

13 март, 2019

Ема Бантон продолжува со „Too Many Teardrops“

Ема Бантон, или „Бејби спајс“ од популарната женска група „Спајс грлс“, неодамна се врати на музичката сцена со нов соло-материјал, а како најава за нејзиното 4. студиско издание „My Happy Place“ го претстави синглот „Baby Please Don’t Stop“. Додека оваа воведна тема има поведра порака, 43-годишната русокоса одлучи втората песна да биде химната за раскинувањето насловена „Too Many Teardrops“.

Напишана со помош од Пол Бери и Патрик Маскал, а продуцирана од „Метрофоник“, станува збор за уште еден потенцијален хит за „зачинетата девојка“, која ја откри инспирацијата зад оваа песна: „Сите сме поминале низ нешта што нè направиле посилни. Мислам дека во секоја музика секогаш го внесувам тој елемент од шеесеттите. Израснав со многу музика од ’Мотаун’, така што мислам дека тој звук ми доаѓа природно и кога станува збор за стиховите“, објасни таа.

Нејзиниот нов албум „My Happy Place“ е закажан за 12 април, а како звучи втората песна од ова издание на Ема Бантон дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑