20 март, 2017

Ем-ти-ви премиера на дуетот на „Неверне бебе“ и Даниел Кајмакоски

Вечерва, со почеток од 20 часот, на регионалниот канал на Ем-ти-ви премиерно ќе биде претставен видео записот за темата „Још ти се надам“, која српската група „Неверне бебе“ ја сними во дует со нашиот Даниел Кајмакоски.  Песната воедно е и четврт сингл од актуелниот албум на групата, „Прича о нама“, а во видеото се појавува и српската лизгачка надеж на уметничкото лизгање, Леона Рогиќ.

Од бендот најавуваат и голема промотивна турнеја, која ќе опфати повеќе градови од регионот, па се надеваме дека ќе ги видиме и во Македонија. Кусата најава за дуетот со Кајмакоски можете да ја видите горе, а целото видео во 20 часот на Ем-ти-ви Адрија.

Извор: mtv.rs



Врати се горе ↑