26 јуни, 2013

Ем Ај Еј се враќа со нов сингл

Матанги „Маја“ Арулпрагасам, попозната само како Ем Ај Еј (M.I.A.), од својот долгоочекуван, најавуван и одвјавуван четврт студиски албум насловен „Matangi“, конечно пристигна и првиот сингл „Bring the Noize“, за кој е снимен и видео запис кој можете да го погледнете горе.

„Matangi“ е сниман со различни соработници ширум светот. Во однос на нејзините претходни изданија, Маја за овој албум изјавила дека „ќе звучи како трите претходни заедно“. Првично беше најавен за 31-ви јануари, потоа за 15-ти април годинава, но од непознати причини од албумот нема ни трага ни глас,  а нема ниту најава за друг датум, освен тоа дека ќе излезе во текот на годинава.

 



Врати се горе ↑