Балкан EJ Viktorji

20 март, 2013

Елвис Џексон гледаат низ „прозорецот“

За време на гостувањето на најпрестижниот медиумски настан во Словенија, Викторији 2012, на кој се доделуваат награди за достигнување во областа на медиумите, групата Елвис Џексон премиерно ја претстави новата песна „Window“, со која го најавуваат нивниот нов петти по ред студиски албум и која се сместува во категоријата на песни со кои Елвис Џексон ја импресионираат пошироката јавност, како што се „This Time“, „Street 45“, „Dry Your Tears“, „Hawaiian club“ и тн.

Новиот хит на словенечките ведети, кои наскоро ќе одржат мини турнеја во Србија, може да се окарактеризира како лесен рок со примеси на реге и ска, но задржани се ведрината и духот на автентичниот панк звук.

„Песната е малку поинаква од останатите кои ќе се најдат на новиот албум. Настана пред неколку години, остана недовршена, но оваа година ќе го најде своето место на нашето ново ЦД. Во реализацијата ни помогна гостувањето на музичарот Давор Кларич, кој со своите Hammond елементи придонесе за поцелосен звук. Ова е лична исповед во врска со нашите концертни настапи или парабола на нашиот поглед од сцената кон публиката. Ги опишува чувството и енергијата кои можат да се почувствуваат само на настапите во живо. Погледот на задоволната и среќна публика е ист како погледот низ прозорец со спектакуларна глетка   . Задоволната публиката го разубавува нашиот ден“ – инспиративно ја опишува песната Буда, пејачот на бендот.

Најновиот хит „Window“ може да се преслуша на официјалната фејсбук страница на бендот: www.facebook.com/ElvisJacksonMusic

Во продолжение погледнете ги и видео записите за песните „This Time“ и „Street 45“.



Врати се горе ↑