Свет

18 мај, 2018

Елтон Џон ќе пее на кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл

Светските медиуми со месеци шпекулираа кој ќе им пее на венчавката на принцот Хари и неговата избраничка, американската актерка Меган Маркл, кои утре ќе го кажат судбоносното да. Само еден ден пред големиот настан, потврдено е дека таа улога ќе му припадне на долгогодишниот пријател на кралското семејство, легендарниот музичар Елтон Џон.

Тој претходно беше поканет од кралското семејство да ја отпее баладата „Candle In The Wind“ на погребот на принцезата Дијана, песна првично напишана за Мерилин Монро, но пренаменета за непреболената „англиска роза“.  Исто така, Елтон Џон присуствуваше и на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

70-годишната ѕвезда периодов е актуелен со двете нови изданија, Revamp“ и „Restoration, на кои најголемите поп и кантри-имиња од музичката сцена ги пеат неговите најпознати хитови што низ годините се родиле како резултат од долгогодишната соработка со авторот Берни Топин. Во септември ќе започне и неговата 3-годишна проштална турнеја, во чии рамки музичарот ќе одржи над 300 концерти низ Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Австралија.



Врати се горе ↑