15 ноември, 2012

Ели го промовираше спотот за „Крај на сè“

Песната „Крај на сè“ на актерката и реге артистка Елизабета Клинчаревска Младеновска, позната како Elly Rasta Girl доби и свој видеозапис, кој беше премиерно прикажан вчера на БЕКСТЕЈЏ, на ТВ Сител . Спотот е снимен во Скопје на повеќе локации со група млади волонтери. Сценариото е на Elly Rasta Girl, режијата и камера на Бојан Стевковски а монтажата на Томислав Јовановски. За стајлингот на Ели се погрижи креаторката на ACID WEAR, Сандра Петкова, модна урбана линија на која Ели е заштито лице.

Песната „Крај на сè“ е снимана во студиото СУПЕРНОВА во Тетово и е авторско дело на продуцентот Гоце Симоноски, текстот е на Марина Панева-Мари, а придружен вокал е Соња Стевческа. Специјални гости се Коска, како и трубачот Александар Илијевски-Шајо од Конкеринг Лајон.

Актеката која паралелно гради и музичка кариера, најавува дека таа и нејзиниот тим работат на новиот сингл, кој ќе се појави во етерот на пролет.



Врати се горе ↑