22 септември, 2015

Ели Гоулдинг започнува ново поглавје со „On My Mind“

Ели Гоулдинг го претстави својот нов сингл и видео запис, со кој го најавува третиот студиски албум „Delirium“. Станува збор за темата насловена „On My Mind“, потпишана од шведскиот хит-мејкер Макс Мартин, а интересната екранизација се снимаше во Лас Вегас. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Новиот албум на 28-годишната пејачка, кој ќе го наследи „Halcyon Days“ од 2013 година, ќе биде објавен на 6 ноември годинава, а покрај оваа песна ќе се најде и хитот „Love Me Like You Do“ од саундтракот за филмот „Педесет нијанси на сиво“, како и 14 други песни, додека луксузното издание ќе ја содржи и соработката со шкотксиот диџеј и продуцент Келвин Харис – „Outside“. Покрај Мартин, на новиот материјал работеа и Грег Крстин, Рајан Тедер, Саван Котеча, Илја Салманзадех и други.

 

 



Врати се горе ↑