Аудио

10 декември, 2017

Ели Гоулдинг со своја верзија на „O Holy Night“

Иако не беше многу активна во текот на годинава, Ели Гоулдинг реши да ги израдува своите обожаватели со празничен сингл, односно нејзина верзија на божиќниот класик „O Holy Night“. Имено, британската ѕвезда ја објави оваа песна како бесплатен подарок уште пред две години, а сега ќе го започне својот поход и како официјален сингл.

Позната уште како „Cantique de Noël“, песната ја компонирал Адолф Адам во 1847 година за француската поема „Minuit, chrétiens“ (Полноќ, христијани) од поетот Пласид Капо. Верзијата на Ели има незначителни измени во текстот, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑