Аудио eg

8 јануари, 2015

Ели Гоулдинг објави песна за „50 нијанси на сиво“

Ели Гоулдинг ја објави песната „Love Me Like You Do“, која ќе се најде на саундтракот за филмот „50 нијанси на сиво“. Британската ѕвезда за оваа песна соработувала со продуцентот Макс Мартин, кој е заслужен за албумите „1989“ на Тејлор Свифт и „Teenage Dream“ на Кејти Пери. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Пејачката, која е актуелна со соработките со Келвин Харис и Иги Азалија, својот последен албум „Halcyon“ го објави во 2012 година, а реизданието насловено „Halcyon Days“, чиј воведен сингл беше хитот „Burn“, беше објавено во 2013.

 



Врати се горе ↑