Настани 74f1da31-fd6d-43cc-a428-8cfd5dc7bb33 (1)

19 јануари, 2016

Ели Гоулдинг на отворањето на „Егзит“!

Ели Гоулдинг (Ellie Goulding) конечно доаѓа на овие простори и на 7 јули ќе настапи на свеченото отворање на овогодишниот фестивал „ЕГЗИТ“! Со над 17 престижни награди, мултиплатинести тиражи и три милијарди прегледи на Јутјуб, 29-годишната пејачка важи за една од најпопуларните женски изведувачи на денешницата покрај Тејлор Свифт (Taylor Swift), Адел (Adele) и Ријана (Rihanna). Таа на ЕГЗИТ доаѓа како хедлајнер од најголемите светски фестивали како што се „Гластонбери“ (Glastonbury), „Лолапалуза“ (Lollapalooza), „Ајтјунс“ (iTunes), „Фјучр Мјузик“ (Future Music), „Рок Верхтер“ (Rock Werchter), „Беникасим“ (Benicassim), „Сигет“ (Sziget) и бројни други. Оваа година, покрај „ЕГЗИТ“, таа ја предводи и програмата на калифорнискиот гигант „Коачела“ (Coachella), рамо до рамо со Келвин Харис (Calvin Harris) и повторно оформените „Ганс енд роузис“ (Guns’n’Roses)! На главната бина на ЕГЗИТ, со спектакуларниот огномет ќе ги слушаме некои од најголемите современи хитови како „Burn“, „Love Me Like You Do“, „Lights“, „I Need Your Love“, „Outside“, „Starry Eyed“

Актуелниот албум Delirium“ го продуцираше шведскиот поп гениј Макс Мартин (Max Martin), човекот од кој повеќе напишани бр.1 хитови имаат само Ленон и Мекартни, а кој ги сработи и актуелните албуми на Адел, Телјор Свифт и Викенд (The Weeknd). Оваа соработка на двајцата им донесе две номинации за Греми, а заедно ги напишаа и најголемите хитовиLove Me Like You Do“, „On My Mind и „Army“, чии спотови заедно имаат преку милијарда прегледи на Јутјуб! И претходните албуми Lights“ и Halcyon ги освоија сите водечки светски дискографски и радио топ листи, а престижната БРИТ награда за најдобар женски изведувач ја освои во 2014 година.

 

Ели е позната по широката листа на соработници на која посебно се издвојува Келвин Харис, а нивните мегахитови „I Need Your Love“ и „Outside“ ги освоија светските топ листи. Откако медиумите шпекулираа и дека тие се во врска, Ели ги демантираше поврзувајќи го Харис со својата најдобра пријателка – Тејлор Свифт! Вниманието на медиумите го привлече и нејзината прва студиска, но овој пат и приватна врска со Скрилекс (Skrillex), која сепак не ја одржаа поради сопствените турнеи. Фановите на електронската музика ја слушаа Ели во композицијата на Метју Херберт (Mathew Herbert) од филмот „Life in a Day“, а уште еден голем продуцент Џанки Иксел (Junkie XL), за неа компонираше неколку водечки песни од филмот „Divergent. Песната „Beating Heart“ го одбележа познатиот филмски серијал „The Hunger Games, додека самиот врв на холивудската музика го достигна со водечката песна од филмот 50 Shades of Gray“, чиј спот е еден од 30 најгледани во историјата.

Ели е позната и по бројните спектакуларни настапи на Ем-ти-ви и Би-би-си наградите, како и на популарните ТВ серијали „Икс Фактор“ и „Воис“, кои ги гледаат стотина милиони луѓе ширум планетата. Исклучителна гледаност имаше и последната ревија на „Викторијас сикрет“, на која Ели пееше во живо на директниот пренос од најпознатиот моден настан на планетата!

Еден настап сепак останува без конкуренција, кога на личната желба на младенците пееше во живо во Бакингемската палата на венчавката на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон! Ели на светската сцена се издвојува по авторскиот талент и необичната боја на гласот со кои ги освои фановите уште со деби-синглот „Under The Sheets“, станувајќи воедно и втората уметница која во иста година ја освои и престижната БРИТ награда од критиката (Critics’ Choice) и Би-би-си титулата за престојна ѕвезда.

Ели Гоулдинг често учествува во хуманитарни акции, од маратони и продажба на своите микс изданија за собирање средства за сиромашните деца, па до борби за полова рамноправност и собирање средства за заболените во Африка. Популарната пејачка воедно ги промовира и здравите навики и веганската исхрана, а објави и документарен филм за здрав живот на турнеја, откривајќи ги и своите многу интензивни вежби благодарение на кои стигна и до насловните страници на фитнес магазините „Шејп“ (Shape) и „Селф“ (Self). Покрај нив, Ели редовно ги краси и насловните страници на светските списанија како што се „Космополитен“ (Cosmopolitan), „Ел“ (Elle), „Гламур“ (Glamour), „Мари Клер“ (Marie Claire) и други.

ЕГЗИТ фестивал ќе се одржи оваа година од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа ЕГЗИТ Авантурата патува на Јадранско море поради одржувањето на третиот СИ ДЕНС (Sea Dance) фестивал од 14ти до 16ти јули. Покрај Ели Гоулдинг (Ellie Goulding), настапите веќе ги потврдија Виз Калифа (Wiz Khalifa), „Бастил“ (Bastille), „Стормзи“ (Stormzy), „Лост Фриквенсис“ (Lost Frequencies), Соломун (Solomun), Робин Шулц (Robin Schulz), Ники Ромеро (Nicky Romero), Зомбој (Zomboy), Вилкинсон (Wilkinson), Мис Дајнамајт (Ms. Dynamite), „Даб Пистолс“ (Dub Pistols), Кенсингтон (Kensington), Федер (Feder), Сем Фелдт (Sam Feldt), Диџеј Хајп (DJ Hype), Енди Си (Andy C), „Моудстеп“ (Modestep), Ајви Лаб (Ivy Lab), Саб Зиро (Sub Zero), „Томи Фоур Севен“ (Tommy Four Seven), Антигон (Antigone), Франсоа Икс (Francois X) и Шломо (Shlømo). 

Влезниците за ЕГЗИТ се во продажба по цена од 3.599 денари, а за СИ ДЕНС од 2.220 денари, додека пак целата Егзит Авантура (Егзит + Си Денс) чини само 4.250 денари, што претставува заштеда од 60% во однос на финалната цена. Влезниците во Македонија се достапни преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Покрај фестивалските влезници, во продажба се и билетите за камп сместувањето по цена од 1.629 денари.



Врати се горе ↑